Даниел Кајмакоски го објави својот нов сингл насловен како „10 лета“, а токму Охрид е инспирација за видео спотот кој тој го сними за оваа песна.
Кајмакоски вели дека му претставува големо задоволство што го реализира свој проект, за што упати благодарност на своите соработници, Александра Милутиновиќ, автор на песната, Дарко Димитров – аранжман и продукција, и Огнен Неделковски превод и адаптација.
“Текстот за синглот „10 лета“ го претставува Даниел како емотивен и силен дечко.Се зборува за љубов која се случила можеби не во правото време, но секако не е само авантура и нешто минливо. Благодарејќи на Дарко Димитров кој е продуцент на овој сингл, песната звучи свежо и му дава на Даниел еден свој печат, на почетокот на својата кариера. Што би рекле ние авторите – се надевам дека песната и успехот ќе траат долго!“-изјави Александра Милутиновиќ.
Песната има љубовна приказна а видео спотот кој е реализација на ДК тим и „Storyteller“, создава дополнително уживање. Даниел во спотот го придружува нашата сограѓанка Поликсена Тунтева.
Наскоро се очекува да биде објавена и српската верзија на песната со наслов „Деценије“, за која исто така ќе има видео спот.
Погледнете го спотот и уживајте!
Охрид инспирација за новиот спот на Даниел Кајмакоски
Ohridnews