Охрид и оваа година за новогодишните празници изгледа прекрасно. Во градот веќе се чувствува празнична атмосфера. Украсени се и делови од центарот и градскиот кеј, како и кружните текови низ градот.
Централниот плоштад го краси новогодишна елка со илјадници сијалични, а парковите наоколу личат на разгледница. Oстанува уште да се објави информацијата за програмата и уметниците кои ќе бидат задолжени за забавата на отворено, односно за дочекот на Новата 2024 година на Градскиот плоштад.
OhridNews