Охриѓанецот Александар Петрески со нова авторска детска песка овојпат дует со Тина Русева насловена Божикен ден.
Среќата станува двојна, кога ќе се подели. Инспириран од темата на книгата со трите зајачиња, дојдов до идеја да ја напишам оваа божиќна детска песна, во која e даден поглед на среќата која децата ја чувствуваат за божиќните празници или како што се вели, најубавото време во годината. Но дали секое дете исто ја чувствува таа среќа? „На овој прекрасен ден, делиме се божиќен ден, носи среќи две волшебни сни, подари ги…“ Јас ја поделив среќата со Тина и таа навистина стана двојна, вели Петрески.
Музиката, вели, е стара оригинална идеја, која ја има свирено и пеено на неговиот син кога бил бебе.
Во моментот кога бев скоро на пат сам да ја довршам новата божиќна песна, сосем случајно ја открив Тина Русева, Македонка од Струмица, која живее во Германија во моја близина. Таа е огромен млад вокален талент и професионалец, кој внесе волшебство во оваа песна. Мојата цел е да оставам препознатливост и музика која ќе трае. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и божиќна енергија. За сите деца и за сите возрасни, додава Петрески.
OhridNews