Огромни се штетите во Градскиот пазар по пожарот кој во неделата избувна во угостителски објект, сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.

Проценители ќе утврдуваат за колкава сума станува збор. Во меѓувреме пазарот се чисти, а пазарџиите се сместени во надворешниот дел.

Штетите во пазарот се огромни, имаме оштетување во целиот дел на пазарот. Викавнавме проценител, вештак и е во постапка и чекаме да видиме колкава е во сума штетата. Пзарџиите веќе трет ден не работат. Организиравме како Градски пазар, во надворешниот дел поставивме тезги и привремено ги сместивме се додека не го средиме внатрешниот дел да можат нормално да функционираат, вели директорот на ЈП Градски пазар Охрид, Александар Попоски.

Пазарџиите велат тешко е, но се снаоѓаат и во вакви услови со поддршка од надлежните во Градски пазар да работат. Дел од нив имаат огроми загуби во поглед на земјоделските производи.

Според најавите од директорот Попоски во петок ќе се врши дезинфекција на просторот, по што ќе следи и замена на се што е оштетено.

На пазарџиите ќе им се излезе во пресрет со ослободување од плаќање за два-три месеци, а во меѓувреме додека се надвор ќе имаат чуварска служба.

Инаку, истрагата за пожарот е во тек и треба да открие дали има некаква поврзаност со работата на Државниот правобранител.

Во пожарот целосно беше пеплосан угостителскиот објект, сопственот на Речи, а оштетени беа и неколку апартмани на горниот кат.

Н.С.Ј.

видео. Б. Стојаноски