Во пожар што се случи попладнево, целосно изгоре трошната куќа на семејството Садик на ул. „Даме Груев“ во Охрид. Огнот кој почнал од оџакот за кратко време ја зафатил целата куќа. За среќа тричленото семејство успеало на време да избега и да повика пожарна. Во пожарот нема повредени, а причинета е поголема материјална штета. Семејството Садик кое на поларни температури остана без покрив над главата, ќе преноќи кај комшиите. Упати апел до градските власти да им помогнат повторно да го изградат својот дом.


Огнот целосно го уништи домот на семејството Садик

OhridNews