Интер со 4-3 триумфираа над Киево и само уште еден чекор ги дели до Скудетото. Рома иако имаше негатива до 70-та минута, капитенот на џалоросите Франческо Тоти го сврте натпреварот и ја одржа волчицата во “живот“ за тронот во Серија А. Во борбата за 4-то место Сампдорија издржа на гостувањето кај Палермо играјќи 1-1.


Резултати: Интер – Киево 4-3, Рома – Каљари 2-1, Болоња – Катанија 1-1, Фиорентина – Сиена 1-1, Џенова – Милан 1-0, Јувентус – Парма 2-3, Ливорно – Лацио 1-2, Наполи – Аталанта, Палермо – Сампдорија 1-1, Удинезе – Баро 3-3.

Табела: Интер 79, Рома 77, Милан 67, Сампдорија 64, Палермо 62,

ohridnews