Најлмалку 38 лица загинале во пожар што го зафатил Домот на синдикатите во украинскиот град Одеса, каде денеска избија големи немири. Како што јавуваат западните агенции, пожарот го предизвикале припадници на ултранационалистичкото движење, украинскиот „Десен сектор“ и радикални групи за самоодбрана од Харков и Киев. Во зградата се наоѓале приврзаниците за федерализација на Украина.

Полицијата во Одеса соопшти дека некои од жртвите се загушиле од чад, а други загинале скокајќи од прозорите од зградата која била во пламен.

Во меѓувреме повторно се разгореа борбите во источниот украински град Славјанск, каде вечерва бил соборен уште еден хеликоптер Mi-24 на украинските безбедносни сили. Немири има и во Доњецк каде сепаратистите ја зазеле железницата.,

И додека состојбата во Украина ескалира, членките на  Советот за безбедност на ОН на вонредната седница што се одржа вечерва во Њујорк не успеаа да ги усогласат ставовите околу кризата во оваа земја која сериозно ги залади односите помеѓу Русија и западот.

OhridNews