Привршуваат подготовките за настанот кој на револуционерен начин ќе ја затвори оваа година, шетајќи ве низ времето со најдобрите музички хитови низ годините. Вредните и упорни охридски гимназијалци, предводени од професорот по латински јазик – Стефан Каневче, веќе два и пол месеци неуморно се подготвуваат за хуманитарниот спектакл, од кој што собраните средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците за екскурзии на нивните соученици од ОСУ „Св.Климент Охридски“, кои истите не можат да си ги дозволат.

Најава за спектаклот „Музичка (Р)еволуција“

Концертот кој со нетрпение се очекува ќе се одржи на 30ти декември, со почеток во 20 часот. Картите се во продажба од денес во ОСУ „Св.Климент Охридски“, по цена од 100 денари, а истите ќе се продаваат и на влезот на Центарот за Култура „Григор Прличев“, пред почетокот на настанот.

A.M.