Охридските фудбалери со бод се вратија од Кичево ремизирајќи без голови со Велазерими во петтата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад. Екипите ги поделија полувремињата исто како и бодовите. Во првиот доминираше Велазерими кој креираше неколку прилики за погодок но одбраната не дозволи домашна радост, додека во вториот подобар беше Охрид кој поради неефикасноста во нападот неуспеа да го освои целиот плен во Кичево.
За „рибарите“ ова беше трето реми на гостински терен и трето без примен и постигнат погодок. Нова шанса за победа на гостински терен Охрид ќе има во седмата рунда кај тимот на Кадино. Во шестата рунда, охридските „сино-бели“ на домашен терен го пречекуваат Вардар Форино.
OhridNews
Охрид ремизираше со Велазерими во Кичево
Оценки: Везниот ред борбен, одбраната го положи испитот во Кичево