Охриѓанецот Борче Наумоски ги комплетираше учесниците на ракометниот камп на Кирил Лазаров во Охрид откако изненадно беше повикан од својот дом токму од капитенот на македонската ракометна репрезентација.
Со овој потег Лазаров уште еднаш ја покажа својата спортска големина и ги освои симпатиите на сите учесници пред да започне долго очекуваниот камп во Охрид.
Реакцијата и се друго околу повикувањето на 14-годишниот охриѓанец беше снимано и презентирано. Погледнете !
Видео од пријатното изненадување на Лазаров за среќниот охриѓанец.
Кирил Лазаров изненади охриѓанец со повик за ракометниот камп во Охрид.
Фото : Емилио
Мх.П.