Од почетокот на грејната сезона во Охрид се бележат вкупно 29 пожари на оџачки канали на станови и куќи кои се затоплуваат со дрва. Постојани се апелите од надлежните за редовно одржување на оџачките канали, но бројките говорат дека години наназад имаме скоро исто случаи на опожарени случаи. Во Охрид лиценцирани оџачари нема, но во пресрет на граѓаните излегуваат вработените во ТППЕ Охрид.

Според Правилникот изготвен од Дирекцијата за заштита еднаш месечно во сезоната за греење и еднаш вон сезоната за греење треба да се чистат оџаците на објектите на органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето, додека двапати месечно во периодот во сезоната за греење и еднаш вон сезоната за греење за домаќинства.

Еднаш годишно предвидено е и чистење за вентилационите канали и отвори, за резервни оџаци со приклучоци во зградите што користат парно, воздушно и водено централно греење.

Н.С.Ј.

видео. Б. Стојаноски