Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку од нас, и кои верувавме деканикогаш нема да се повторат на нашето европско тло. Воената агресија на Русија над Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејстивија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во видео обраќањето до граѓаните за состојбата во Украина.
Во овие турбуленти времиња сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои никаква дирекна закана за безбаедноста на Северна Македонија. Владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редовно ќе ги информира граѓаните, рече Ковачевски.
Поголемите предизвици, вели, кои стојат пред нас се економски. Поради воените дејствија на Русија против Украина, глобалната економска и енергетска криза сега се продлабочува.
Не очекува неизвесна година, каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Владата одблиску ги следи промените во светските економски текови и ќе делува максимално одговорно и во најголем интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните, додава Ковачевски.
Уверува дека треба да сме спокојни, бидејќи како членка на НАТО, „ние уживаме и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот“.
OhridNews