Русија за Светското првентство во фудбал во 2018 година ќе изгради 13 нови стадиони, а три ќе бидат реконструирани. Мундијалот ќе се игра во 13 градови: Калининград, Краснодар, Москва, Казан, Нижњи Новгород, Ростов, Самара, Санк Петербург, Волгоград, Саранск, Сочи, Јерослав и Екатеринбург. Полуфиналето и финалето ќе се игра на вештачка трева на стадионот „Лужники“ во Москва, чиј капацитет од сегашните 78 360 места, ќе биде зголемен на 89 318. Русија за изградба на стадионите планира да потроши околу 10 милијарди евра, но се очекува таа сума да биде двојно надмината. Сите стадиони ќе бидат готови најдоцна до 2017 година, а инвестиции се предвидени и во инфраструктурата и транспортот.


OhridNews