Новиот спот за туристичка и културна промоција на Македонија од серијата спотови насловени “Македонија вечна“, започна да се прикажува на сателитскиот канал “CNN“.

Спотот кој деновиве беше промовиран во Скопје трае 75 секунди и има неколку пократки верзии. Го изработи режисерот Иво Иваноски. Во него се поместени мотиви од културно – историското и природното богатство на Македонија, а во голем дел е застапен и Охрид. За разлика од спотот на Манчевски кој неодамна во Варшава ја освои наградата за најдобар промотивен спот во светски рамки, новиот видео запис повеќе се задржува во денешницата и како и првиот, на прекрасен начин ги доловува убавините на Македонија.


Ohridnews