Шпанската новинарка Лидија Камон и нејзиниот камерман биле речиси готови со репортажата во парк преполн со деца и снег, кога задоволно седнала на санка. Меѓутоа не забележала дека жицата од микрофонот и се замотала околу ногата.
Со широк насмев новинарката безгрижно започнала да се санка, а камерата цело време ја пратела, се додека не ја истргала од раката на камерманот, а него го повлекла со себе.