Македонскиот интернационалец Николче Новески и неговиот Мајнц претрпеа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Баерн Минхен на Алијанц Арената. Еден час одолеваа гостите на нападите на “баварците“ кои отпорот го скршија преку Ван Бојтен. До финишот на мечот погодија Гомез и Робен. На стартот на мечот домашните не реализираа најстрога казна преку голманот Бут. Натпреварот се одигра во снежни услови, а македонскиот бранител Новески го одигра целиот меч.
 

Новопечниот македонски репрезентативец Бесарт Ибраими кој во
зимскиот преоден рок од Ренова премина во Шалке, од трибините ја
проследи победата на „сините“ над Хофенхајм со 2-0.

Резултати 20 коло:


Хамбург – Волфсбург 1-1, Баерн М. – Мајнц 3-0, Менхенгладбах – Вердер 4-3, Херта – Бохум  0-0, Ајнтрахт Ф. – Келн 1-2, Хановер – Нирнберг 1-3, Шалке – Хофенхајм 2-0.

Утре играат:Штудгарт – Б.Дортмунд , Б.Леверкузен – Фрајбург