Јусаин Болт од Јамајка испиша нова страница во атлетиката, откако на трката на 100 метри во машка конкуренција постави нов светски рекорд.

21-годишниот спринтер Болт , на „Рибок гранд при“ во Њујорк,  патеката ја истрча со време од 9 секунди и 72 стотинки, што е за две стотинки побрзо од претходното најдобро време во сопственост на неговиот сонародник Асафа Пауел од септември минатата година.

ohridnews