После пообилни врнежи од дожд низ улицата „Момчило Јорданоски“ телат реки од вода. Така беше и денеска. Шахтите поставени на оваа сообраќајница немаат доволно капацитет да ги примат атмосферските води кои извираат од нив и ја поплавуваат улицата, но и околните куќи кои се под нејзиното ниво.
Локалните жители велат дека со години укажуваат на проблемот и апелираат до надлежните за негово решавање. Пред нас е сезоната на врнежи, што повторно ќе ни создаде многу проблеми и главоболки доколку нешто не се направи, велат загрижени жители од горниот дел на улицата „Момчило Јорданоски“.
Г.М.