Пласманот во 1/2 финалето го потврди аргентинецот Лионел Меси во 43-та минута кој постигна погодок по комбинацијата со бразилецот Даниел Алвес.
Барселона рутински си ја заврши својата работа во 1/4 финалето, за “Ел Класико“ треба да се погрижи Реал Мадрид кој гостува во Лондон, кај Тотенхем. “Кралевите“ имаат капитална предност од 4-0 стекната по првиот натпревар.