Стружанецот Никола Јанкоски имаше најмногу среќа и прв доплива до чесниот крст што на празникот Водици денеска беше фрлен во осветените води на реката Црн Дрим.

Никола во петтиот обид успеа за прв пат да го фати чесниот крст. Тој ќе добие пригоден подарок од кумот на Водици во Струга Боро Симјаноски, сопственик на комплексот Женска Плажа, каде по повод празникот денеска се одржува општонародна веселба.

OhridNews