Грција упорно го негира постоењето на македонското малцинство на своја територија. Оваа земја, инаку членка на ЕУ, од позиција на сила го негира постоењето и на македонска држава, а го оспорува и идентитетот на нашата нација. Сепак Македонците во Грција иако маргинализирани силно и пркосат на негаторската и на моменти хистерична кампања на Атина. Во таа битка на Давид и Голијат, предничи партијата на Македонците, „Виножито“ која е под силен политички притисок.
На оваа партија не и беше дозволено да се рекламира на грчките медиуми во кампањата за избор на пратеници во Европскиот парламент, затоа што спотовите на „Виножито“ биле со македонски превод, или во нив се зборувало на македонски јазик, кој официјална Атина не го признава. Но, она од што најмногу стравува Грција е соочувањето на нацијата со вистината и фактот дека во таа земја постои македонско малцинство кое има свој јазик, култура и историја. Токму затоа неофашистите од „Златна Зора“ ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник деновиве во Атина, а спотовите на македонската партија добија забрана за емитување. Зошто, погледнете сами: