Олујно невреме проследено со силен ветер во облик на торнадо го разори главниот град на Италија Рим. Според првичните информации освен голема материјална штета, има и мртви.

Во местото Ладисполи покрај Рим се урнала осумкатница, загинало едно лице а десетина се повреденица. Во северниот дел на Рим загинал пензиониран војник кога стебло паднало врз неговиот автомобил.

Во Рим летале покриви и се рушеле ѕидови, реки вода течат низ улиците, а поплавен бил и Колосеумот.

OhridNews