Дожд од голови во Премиер Лигата во 25 коло. На седум натпревари стрелците 38 пати ја затреселите мрежата.

Најмногу погодоци по осум “паднаа“ на натпреварите Њукасл – Арсенал односно Евертон – Блекпул додека на натпреварот Виган – Блекбурн беа постигнати седум погодоци. “Топџиите“ се најголеми губитници откако на натпреварот со “чавките“ испуштија предност од четири погодоци.

Последно пласираниот Вулверхемтон му го нанесе првиот пораз на Манчестер Јунајтед во овогодинешната сезона во Премиер Лигата. За “црвените ѓаволи“ работите тргнаа мошне добро откако Нани го отвори резултатот во третата минута. До крајот на првиот дел “волците“ со погодоците на Елокови и Дој го свртеа резултатот што значеше прв пораз на четата на Сер Алекс Фергусон.

Резултати: Стоук – Сандерленд 3-2, Астон Вила – Фулам 2-2, Евертон – Блекпул 5-3, Мен Сити – ВБА 3-0, Њукасл – Арсенал 4-4, Тотенхем – Болтон 2-1, Виган – Блекбурн 4-3, Волвс – Мен Ју 2-1

Табела: Мен Ју 54, Арсенал 50, Мен Сити 49, Челси 44, Тотенхем 44. . .

Мх.П.