Во третото коло од Лигата на Европа, екипата на македонскиот интернационалец Владо Илиевски, Унион Олимпија на домашен терен по продолженија го совлада Панатинаикос 85-84.


Резултатската неизвесност и играта на “нерви“ донесе нервоза кај кошаркарот на Панатинаикос, Мајк Батиста кога при еден дуел со противнчкиот кошаркар Саша Ожболт, судиите досудија лична во напад во корист на домаќинот. Батиста реагираше крајно неспортски кога му стапна на лицето на легнатиот кошаркар на Унион Олимпија. Саша Ожболт помина со пукната аркада и раскрвавена усна,