Познатиот регионален музички уметник Неша Галија, го откажа својот настап во „Скај Корнер“ во Охрид, што требаше да се одржи на 18 јануари, сабота, поради болест. Преку видео порака тој упати извинување до охриѓани, најавувајќи средба со нив во следна прилика.

„Скај Корнер“ сепак се погрижи претстојнаата сабота да мине во одлична забава. Во очи големиот празник Водици во „„Скај Корнер“ ќе настапи групата „Камелеон“.

Забавата со „Камелеон“ во „Скај Корнер“ почнува во 22 часот.

OhridNews