Охридските ракометари имаа необичен тренинг во екот на подготовките за втората етапа во Супер лигата. „Гладијаторите“, со финтес инструктурот Ристе Јанкоски одработија пилатес тренинг кој беше исполнет со многу забава и позитивна атмосфера.

Пилатес тренинг на охридските ракометари

Нешто ново и нешто необично беше пилатес тренингот на охридските ракометари. Големо благодарам за Ристе, за одвоеното време и тренингот исполнет со многу забава и дружење! #сосрцезаОхрид

Geplaatst door ГРК Охрид op Woensdag 29 januari 2020

Избраниците на Раде Стојановиќ уште неколку дена ќе се тренираат во Охрид. Потоа се селат во црногорскиот град Будва каде ќе тренираат и играат контролни мечеви.

Пролетниот дел од македонскиот ракометен шампионат ќе стартува на крајот од февруари или почетокот на март месец. Охрид есенската полусезона ја помина на втората позиција со бод помалку од водечката екипа на табелата, Металург.

OhridNews