Необезбедни кабли од инсталацијата за уличното осветлување на улицата „Цар Самоил“ непосредно до еден од премините кон улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на Охрид, веќе подолго време претставуваат опасност за минувачите.

Опасноста е многу поголема кога времето е врнежливо бидејќи водата од олуците на куќите се слева директно над сандачето за инсталација, кое нема заштитен капак.

Минувачите кои го направиле приложеното видео велат дека освен охриѓани, по оваа улица секојдневно минуваат и голем број туристи кои исто така се исложени на опасност.

-Водата може да биде спроводник на струја, а доколку ова необезбедно сандаче за струја е под електричен напон навистина може да направи проблем. Затоа бараме од надлежните да преземат мерки и да ја санираат оваа инсталација, велат нашите соговорници.

Поради вандалски оштетувања и кражби, често се случува и голем број канделабри низ Охрид да функционираат без заштитни капаци за инсталацијата.

 

OhridNews