За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки, велат членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“. Тие со јасвоста споделија вознемирувачко видео кое сведочи за немилосрдното уништување на рибниот фонд на Охридското Езеро.

Сме реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и многубројни еколошки акции со нашите колеги со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското Езеро. Се преземаат и мерки од релевантните институции, сепак дали се доволни сите тие мерки за да се заштити она што ако го загубиме, никогаш нема да се врати? – прашуваат нуркачите од „Амфора“.

OhridNews