Нема повредени во паѓањето на покривот од хирургија, соопштија одговорните во општата болница – Охрид. Во невремето проследено со силен ветар што денеска го зафати Охрид дел од општата болница каде што се сместени хирургија, гинекологија, урологија, психологија и одделението за уво грло и нос, остана без покрив. Триесет метри долгиот лимен покрив не го издржал налетот на ветрот и се срушил на земја. За среќа  падот на  покривот бил амортизиран од дрвaта кои спречиле поголема катастрофа. Во моментите кога се случила несреќата во хирургија во тек бил оперативен зафат кој не бил прекинат и успешно завршил.

Од ударот на лимениот покрив оштетување претпрпе одделот за интервенции во хирургија кое е вон употреба.

Хируршкото одделение, како и сите други одделенија сместени во последното болничко крило работат и се примаат сите пациенти, ни изјави д-р Томе Гиноски. Единствено одделението за уво грло и нос пациентите ги прима во други простории поради оштетувањата што ги претрпе ова одделение.


нема повредени во падот на покривот од општата болница

Лимениот покрив кој денеска не го издржа налетот на ветрот кој дуваше со брзина од 6 метри во секунда е изграден во 2005 година и во него се инвестирани 130.000 евра. За вработените е чудно како попуштил новиот кров, но очекуваат надлежните служби во болницата и министерството за здравство да го испитаат случајот, но пред се да ги санираат оштетувањата на болницата.

ohridnews