Македонскиот интернационалец, Горан Пандев ги одигра сите 90 минути во поразот на Лацио од Интер со 0-2 во полуфиналето од Италијанскоит Куп.
Нероазурите со головите на Пеле и Круз во второто полувреме се изборија за финале и можност да стигнат до двојна круна во Италија.
Противник на „неро-азурите“ во финалето ќе биде поуспешниот од дуелот меѓу Рома и Катанија.