Го памтам Охрид пред едно 25-30 год…. скоро 60 000 жители…. од 5-7 сабајле гунгула автобуси и коли, иста слика од 2-3 поручек… Цела Дебрца слезе в град и се намножи населението…. Убајни… Луѓе, народ, полни фабрики, сите плата… Најлонче за пазарење кошташе колку еден леб… сите со мрежести торби пазареа, дури и најлончината од млеко на жици ги сушеја за пиперки да замрзнат во нив… Не малтретираа секакви и никакви инспекциии – се знаеше – Охридска трговија до 7-30, Жито леб до 6-30… После, комшии, дај пола леб и сл. ама убајна беше…

Сега?!?!!? Охрид – одвај 30 000 жители, а секогаш 50 000 гласачи… Од друштвото со кое пораснав, едно 20-30 деца, само јас останав во Охрид…. Или премногу го сакам или сум луд?!?!?!? Споредбата пред малку што ја кажав за Охридска и Жито леб, денес во Минхен е така, и Франкфурт…. ама таму Македонецот иако ќе е цел живот граѓанин од 2-ри ред ќе е педантен, културен… Овде, кај нас, и то шо беше убо од комунизмот го посравме…. Погледнете ги видеата во прилог…

Во каналот Билјанини, секоја вечер, бандити и лопови, со канџи и мрежи, дури и во малиот канал, за кој што Бакрач се отепа од фалење дека убајна напрајл, напротив – ЈА ДЕВАСТИРАВТЕ ЦЕЛА ПРИРОДА, та од ацета, та од бакрача… КОНЦЕСИОНЕР НА ЕЗЕРОТО – за грев, немал есап ништо не уловил…. доволно му сме ние 500-600 БУДАЛИ кои имаме купено од него дозвола за спортски риболов која има вкупна цена од 1 800 денари…. 

Да не праќам снимки шо се прајт со рибата во трскана пред да влезит да презимит…. Лоповите слободно со канџи и мрежи роварет по каналон, а нас со јадица републичка ни барат дозволи секој ден… кај се навечер, кого казнале?!?!?!? – никој. Во полиција сме се јавувале, а одговорот е: не се надлежни – концесионерот бил….?!?!?!?

Вечерва пробавме да смениме терен… Воска – кај стадионот…. И да фатев каква била риба, после она на видеата што ви ги пратив… или ја враќам или ви ја подарувам…. Луѓе, Охриѓани, оние малку умни што останавме, (не сум сигурен колку, умни штом останавме) дај нешто да преземиме, Езерово ни ојде во неповрат, младите ни се исселија, она ѓубре што ни го врати езероно за 2 дена, 20 години не мојме да го опрајме…

Се надевам дека ќе се разбудиме од кошмарот – ама лошо ќе е ак сме испотени….

Д.Ј.
жител на Видобишта

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите