Нашиот омилен пар лебеди за кој пишувавме неодамна, сеуште е во љубовен занес. Затоа и не обрнуваaт внимание на загадувањето околу местото каде решиле да го подигнат својот дом. Тие стрпливо го градат гнездото каде ќе ги одгледаат своите малечки. Се вгнездиле кај локалитетот Мазија на градскиот кеј, кој за жал е затрупан со пластика и друг отпад. Можеби овој краток видео запис ќе влијае малку на совеста на граѓаните дека не сме сами и природата ја делиме со сите други живи суштества на планетата.


Васко Бујароски