Со првите натпреварите Бостон – Мајами 88-80, ЛА Лејкерс – Хјустон 112-110 и Портланд – Феникс 106-92 започна 65-та сезона во НБА Лигата.


Актуелниот освојувач на прстенот Лејкерс предводен од тандемот Коби Брајант (26 поени) и шпанецот По Гасол (29 поени) ги совладаа “ракетите“. Победничкиот кош го постигна дебитантот во дресот на “езерџиите“ Стив Блејк на 18 секунди до крајот.

Бостон Селтикс прв ја тестираше моќноста на ново формираниот Мајами Хит. Со победата над “жешките“ избраниците на Док Риверс докажаа дека повторно ќе замешаат прсти во освојувањето на прстенот. Триото на “жешките“ не се прослави на натпреварот Леброн Џејмс постигна 31 поен но “продаде“ 7 топки, Двејн Вејд постигна 13 поени со шут (4-16) додека Крис Бош уфрли 8 поени. Во табарот кај селтикси Пол Пирс имаше учинок од 19 поени, Реј Ален 20 поени додека моторот на тимот Ражон Рондо асистираше 17 пати за своите соиграчи.

ohridnews