Долгата клупа на “сонцата“ беше одлучувачкиот фактор во победата на Феникс 115-106 во четвртиот натпревар од финалето во западната конференција. Резервистите искомбинираа 54 поени, анулирајќи ги 38 -те  на осамениот во нападот на “езерџиите“ Коби Брајант.

По четири одиграни натпревари резултатот е 2-2 , додека мечот број пет се игра в петок наутро во “Стејплс“ центарот.