Феникс Санс со чисти 4-0 го “збриша“ Сан Антонио во 1/2 финалето од западната конференција. “Сонцата“ со 107-101 ги совладаа “мамузите“ и во финалето ќе го чекаат подобриот ЛА Лејкерс – Јута, “езерџиите“ имаа предност од 3-0.

Центарот на “сонцата“ Амари Стадемаер постигна 29 поени, канадскиот репрезетантивец Стив Неш уфрли 20 поени, додаде 9 асистенции, укради 4 топки. Тони Паркер со 22 поени беше најефикасен во екипата на Сан Антонио.

Резултати:
Феникс – Сан Антонио 107-101 (4-0)
Бостон – Кливленд 97-87 (2-2)

Вечерва во НБА плеј оф се среќаваат Орландо – Атланта (3-0), Лејкерс – Јута (3-0) )