“Детелините“ од Бостон ја прекинаа низата победи на “магичните“ долга 14 натпревари и со 92-88 го добија првиот натпревар од финалето во Источнта конференција.
Реј Ален со 25 поени и Пол Пирс со 22 беа најраспложените кај Бостон, додека единствено Картер (23 п) беше на потребното ниво кај домаќините. Двајт Хаурд остана на скромни 13 поени и 12 скока.
Натпреварот број 2 е во вторник наутро во Орландо.