Орландо Меџик не дозволи повторно да биде поразен на домашно тло од Бостон Селтикс. “Магичните“ со 113-92 триумфираа над “детелините“ и намалија на 3-2 во серијата.


Плејот Џамар Нелсон со 24 поени, 5 асистенции и 5 скокови и “супермен“ Двајт Хаувард со дабл дабл учинок (21 поен, 10 скокови) ги предводеа Орландо. Во поразот кај “детелините“ најефикасен беше Рашид Волис со 21 поен.