Далас трет пат во четири сезони не го поминуваат првиот круг од плеј оф, Маверикси со скор од 55-27 му донесе второ место во западната конференција, но не ја искористи предноста на домашен терен. Непрескоклива пречка за Далас е седмопласираниот на западот Сан Антонио. Мамузите предводени од Ману Џинобили (26 поени, 5 асистенции) и Тим Данкан со дабл дабл учинок 17 поени, 10 скока, 5 асистенции ги скротија телињата и се пласираа во 1/2 финалето во западната конфернција.
Резултати:
Портланд – Феникс 90-99 (2-4)
Сан Антонио – Далас 97-87 (4-2)
Во 1/2 финалето во западната конференција ќе се сретнат Феникс – Сан Антонио.