Пол Пирс погоди со звукот на сирената за победа на Бостон над Мајами со 100-98. Детелините го зголемија водството на 3-0. Ниедна екипа во историјата на НБА лигата не се вратила по негатива од 3-0. Јунакот на натпреварот Пол Пирс имаше учинок од 32 поени, 8 скокови, Реј Ален беше одлична подршка  за Пол Пирс кој постигна 25 поени. Сјајната партија на Двејн Вејд повторно остана во сенка по поразот од Бостон, Веј уфрли 35 поени, додаде 8 скокови, 5 асистенции и 5 украдени топки.

Резултати:

Мајами – Бостон 98-100 (3-0)
Сан Антони – Далас 94-90 (2-1)
Јута – Денвер 105-93 (2-1)

Ohridnews