Бранителот на трофејот во НБА лигата Лејкерс со тесни 95-92 ја совлада Оклахома. Со овoј триумф “езерџиите“   зголемија на 2-0 во серијата. Минатогодишниот МВП во плеј оф Коби Брајант постигна 39 поени, Брајант голема помош доби од шпанскиот репрезентативец Пол Гасол кој на неговото конто запиша дабл дабл учинок со 25 поени и 12 скока.


Бостон Селтикс и без Кевин Гарнет ги “оладија“ жешките победувајќи ги со 106-77, со оваа победа Бостон зголеми на 2-0. На почетокот на втората четвртина Мајами имаа предност, но по неверојатната серија на “детелините“ од 44-8, жешките заостануваа 35 разлика. Реј Ален со 25 поени и замената за Гарнет, Глен Дејвис уфрли 23 поени и 8 скокови беа најефикасни на мечот.


Резултати :
Атланта  –  Милвоки 96-86 (2-0)
Бостон – Мајами 106-77 (2-0)
Феникс – Портланд 119-90 (1-1)
ЛА Лејкерс – Оклахома 95-92 (2-0)