Двајт Хаувард со дабл дабл учинок од 32 поени и 16 скока ги предводеше “магичните“ до прв триумф во серијата со Бостон. Плејот на Орландо, Џамај Нелсон уфрли 23 поени. Во поразот кај “детелините“ Пол Пирс постигна 32 поени додаде и 11 скокови.
Вечерва на програмата е четвртиот дуел помеѓу ЛА Лејкерс и Феникс. “Езерџиите“ имаа предност од 2-1.