Лос Анџелес Лејкерс со победа 113-110 ја отворија серијата над Јута. Коби Брајант постигна 24, Тревор Ариза 21 додека По Гасол приододае 20 поени во победата. “Џезерот“ Карлос Бузер со 27 поени беше најефикасен  на натпреварот.

Денвер не дозволи изненадување на домашен терен, убедливо совладувајќи го Њу Орлеанс 113-84. Чонси Билапс со 36 поени беше најефикасен на мечот.

М.П.