Актуелниот освојувач на “прстенот“ Лос Анџелес Лејкерс со тесниот триумф над Оклахома со 95-94 стигна до четвртата победа и ги елиминираше “громовите“.

Коби Брајант имаше своја ноќ на гостувањето кај Оклахома постигнувајќи 32 поени, По Гасол со дабл дабл учинок од 11 поени и 18 скокови ги лансираа “езерџиите“ во 1/2 финалето од западната конферинција.

Резултати:
ЛА Лејкерс – Оклахома 95-94 (4-2)
Јута – Денвер 112-104 (4-2)
Атланта – Милвоки 83-69 (3-3)

ohridnews