Кливленд Кавалирс носени на крилата на Леброн Џејмс ги прегазија Бостон Селтикс совладувајќи ги со 124-95. “Кавалирси“ со победата над детелините направија “брејк“ и поведоа со 2-1 во серијата подобар од седум.


МВП – то  на сезоната во НБА Лигата Леброн Џејмс постигна 38 поени, Ентоан Џејмисон уфрли 20 поени и додаде 12 скокови. Триото во таборот на “детелините“ Кевин Гарнет, Пол Пирс и Реј Ален немаа своја вечер, искомбинираа мизерни 37 поени.

Резултати:
Кливленд – Бостон 124-95 (2-1)
Феникс – Сан Антонио 110-96 (3-0)

Вечерва во НБА плеј оф играат Орландо – Атланта, ЛА Лејкерс – Јута

ohridnews