Кошаркарите на Феникс ја забележаа првата победа во финалето на Западната конференција откако го совладаа шампионот Лос Анџелес Лејкерс пред своите навивачи со 118:109.

Прв играч на натпреварот беше Амаре Стадемаер кој постигна 42 поена, со 11 скокови, додека Стив Неш имаше 15 асистенции.  Кај поразените Коби Брајант беше само на чекор од „трипл дабл“ – 36 поени, 11 асистенции и 9 скокови.

Натпреварот број 4 утревечер се игра во Феникс, додека вечерва на програмата е четвртиот натпревар од источното финале Бостон – Орландо во кое Бостон води со 3:0.

Ohridnews