Актуелниот освојувач на “прстенот“ ЛА Лејкерс максимално го искористи домашниот терен  во финалето од западната конференција, совладувајќи ги “сонцата“ со 124-112 “Езерџиите“ со водство од 2-0 ќе патуват во Феникс.

Шпанскиот репрезентативец По Гасол со 29 поени ги предводеше Лејкерси до нов триумф, првата виолина на “езерџиите“ Коби Брајнат уфрли 21 кошеви и додаде 13 асистенции. Кај “сонцата“ блескаше само Џејсон Ричардсон кој постигна 27 поени.