Бранителот на трофејот во НБА Лигата Лејкерс се пласираше во финалето во западната конференција. “Езерџиите“ со 111-96 ја совладаа Јута и трета година по ред ќе имаат шанса за пласман во големото финале.


Шпанскиот интернационалец По Гасол царуваше во синоќешниот дуел постигна 33 поени, додаде уште 14 скокови додека минатогодишниот МВП во разигрувањето Коби Брајант уфлри 32 поени.

Резултати:
ЛА Лејкерс – Јута 111-96 (4-0)
Орландо – Атланта 98-84 (4-0)

Во финалето од западната конференција ќе се сретнат ЛА Лејкерс – Феникс.