Најдобар поединец во Кливленд е Леброн Џејмс со 40 поени, 8 скока, 8 асистенции, голема подршка имаше и од Џејмисон кој постигна 14 поени а додаде и 4 асистенции.
Јута со 111-115 го совлада Денвер во Пепси Центарот. Со оваа победа џезерите направија “брејк“. Серијата подобар до седум се префрлува во Јута.
Џезерите предводени од дабл дабл учинокот на Дерон Вилијамс (33 поени, 14 асистенции) и Карлос Бузер ( 20 поени, 15 скока). Во поразот на Нагетси јалово блескаше Кармело Ентони со 32 поени, 6 скока и 4 асистенции.