Бостон Селтикс е на чекор од финалето во источната конференција откако со убедливи 120-88 го совладаа Кливленд за предност од 3-2.


Триото на “детелините“ Пол Пирс, Реј Ален и Кевин Гарнет искомбинираа 64 поени, додека плејот на Селтикс Ражон Рондо постигна 16 поени, додаде и 7 асистенции. Дефанзивата на Бостон го задржа Леброн Џејмс на скромни за него 15 поени.

Резултат: Бостон – Кливленд 120-88 (3-2)

Вечерва започнува финалето во западната конференција помеѓу Лејкерс – Феникс.