Аткуелниот освојувач на “прстенот“ Лос Анџелес Лејкерс со победа тргна во одбраната на трофејот. Лејкерси извојуваа победа над Оклахома Сити со 91-79, а најзаслужни за тоа беа Шпанскиот репрезентативец Пол Гасол со дабл, дабл учинок (19 поени, 13 скока и 3 блокади) и Коби Брајант кој беше најефикасен со 21 поен.
Далас Маверикс поведе во серијата со Сан Антонио Спарс,откако на домашен терен “телињата“ го совладаа Спарс со 100-94. Дирк Новитцки со 36 поени ги предводеше Маверикс, своја улога во победа на Далас имаше и Џејсон Кид со 13 поени, 8 скока и 11 асистенции.
Резултати: Далас – Сан Антонио 100-94, ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 91-79, Орландо – Шарлот 98-89, Феникс – Портланд 100-105